Спротивно на популарното верување, се чини дека не мора целосно да го исфрлиме шеќерот од нашата исхрана за да останеме здрави.
Според една нова студија, малите количини шеќер може да доведат до подобри кардиоваскуларни исходи отколку целосно исфрлање на шеќерот од исхраната. Секако, клучот е умереноста и внимателниот избор на видот шеќер.
Новото истражување, објавено во списанието „Frontiers in Public Health“, покажа дека конзумирањето шеќер од печива, чоколадо или адитиви како медот може да биде поврзано со подобро здравје на срцето во споредба со конзумирањето на пијалоци засладени со шеќер.
Истражувачите анализирале податоци од речиси 70.000 луѓе и заклучиле дека ниските до умерени количини шеќер, околу 7,5 отсто од дневниот внес на енергија, даваат најдобри резултати за здравјето на срцето.
Вид на шеќер, социјални односи и здравје
Експертите објаснуваат дека течните шеќери, како оние во засладените пијалоци, се вари побрзо и може да предизвикаат ненадеен скок на шеќерот во крвта, додека цврстите слатки, како колачи или чоколади, често содржат дополнителни хранливи материи кои го забавуваат варењето. Ова резултира со постабилно ослободување на шеќер и намален ризик од прекумерна потрошувачка.
Истражувачите ја нагласуваат и важноста на социјалниот аспект во консумирањето слатки. На пример, во Шведска, традицијата на „фика“, која вклучува кафе и слатки закуски, е поврзана со зајакнување на социјалните врски, што има позитивно влијание врз кардиоваскуларното здравје.
Како да се интегрира шеќерот во здрав начин на живот?
Иако малите количини шеќер можат да обезбедат здравствени придобивки, експертите истакнуваат дека повеќето луѓе консумираат премногу шеќер. Наместо целосно да го намалите, насочете се кон умерен внес – 25 до 37,5 грама дневно, во зависност од внесот на енергија. Комбинирајте слатки задоволства со физичка активност и урамнотежена исхрана за да постигнете оптимални резултати за вашето здравје.