Инцидент во Кина: Брод удри во мост и потона, четири лица се водат за исчезнати

од Симе Стоиков

Четири лица се водат како исчезнати откако брод удрил во мост во градот Фошан во јужната кинеска провинција Гуангдонг, соопштија локалните власти.

Бродот со 11 членови на екипажот удрил во столб на мостот во понеделникот вечерта, а подоцна потонал, јавува новинската агенција Ксинхуа.

Седум членови на екипажот се спасени, а четворица се водат како исчезнати, соопшти одделот за итни случаи на градот Фошан.

Во потрагата по членовите на екипажот на исчезнатиот брод учествуваат повеќе од 300 полицајци и спасувачи. Причината за несреќата се истражува.

Слични содржини