Играч на Лацио направи хаос на клупата откако беше заменет (ВИДЕО)

Играчот на Лацио, Матија Закањи направи хаос на клупата, откако беше заменет. Видно лут на тренерот Тудор, тој најпрво одби да се поздрави, а потоа со шише удри по клупата.

После натпреварот ситуацијата ја објаснуваше тренерот Тудор.

„Закањи доби жолт картон, и не сакав да ризикувам да биде исклучен од натпреварот. Затоа се одлучив да го сменам. Неговата реакција не ме вознемири, такви работи се случуваат во фудбалот“, рече Тудор.

Се вчитува...