Поврзете се со нас

Германија

Симонс не планира да игра за ПСЖ, веќе ја избрал следната дестинација

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Чави Симонс игра одлична сезона во дресот на РБ Лајпциг, а француските медиуми откриваат дека неговите агенти веќе му соопштиле на ПСЖ дека тој ќе инсистира да одигра уште една сезона на заем во друг клуб.

Во договорот меѓу двете страни стои дека холандскиот репрезентативец може сам да ја избере екипата во која ќе биде позајмен втората сезона, а тоа во случајов е Барселона.

Симонс беше дел од младинската академија на Барса меѓу 2010 и 2019 година, по што реши да ја прифати понудата на ПСЖ. Подоцна беше испратен во ПСВ, па неговиот договор повторно откупен од францускиот клуб, за истиот да го позајми во Лајцпиг.

Соиграчот на нашиот Елиф Елмас не се гледа себеси во тимот на Луис Енрике и ќе инсистира на шанса во тимот на Чави Ернандес, а доколку не биде најден заеднички јазик, тогаш опција е останување во редовите на бундеслигашот.

ПСЖ од своја страна веќе размислува за нова продажба на Симонс со оглед на неговите размислувања и приоритети, но засега е нејасно дали Лајпциг ќе сака да го откупи неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни