Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија

Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која ѝ посакуваат здравје на принцезата од Велс.

„Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир“,

се вели во изјавата.

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. 

Типот на рак не е откриен. Таа започнала со хемотерапија кон крајот на февруари.

„Ова, се разбира, дојде како огромен шок, а Вилијам и јас правиме сѐ што можеме за да поминеме низ ова приватно за доброто на нашето младо семејство. Како што можете да замислите, за ова беше потребно време“,

вели 42-годишната Кејт во видеото кое е снимено во Виндзор.

Се огласи Кејт Мидлтон преку видеопорака, вели дека ѝ е дијагностициран рак и дека е на хемотерапија

По објавата на принцезата од Велс дека има рак, британскиот крал Чарлс Трети изјави дека е „многу горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува“ .

Чарлс, кому исто така му беше дијагностициран рак по интервенција за зголемена простата, останува во „најблизок контакт со својата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата.

„И двете нивни височества ќе продолжат да ја даваат својата љубов и поддршка на целото семејство во овој тежок период“,

се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: