Грчки репрезентативец позитивен на допинг-контролата по баражот со Грузија

Грчкиот фудбалски репрезентативец имал позитивен резултат на допинг-тест, а бил тестиран пред бараж-натпреварот за Европското првенство 2024 против Грузија, објавуваат грчки медиуми.

На 26 март во Тбилиси се одигра решавачкиот натпревар за учество на ЕП 2024, а во пенал-рулетот попрецизни беа фудбалерите на грузиската репрезентација, по што првпат стигнаа до завршница на ЕП.

Грчкиот играч кој беше дел од репрезентацијата на натпреварот против Грузија бил позитивен на забранета супстанца, а сега се чекаат резултатите од вториот примерок, што е неопходно според протоколот, па името на играчот нема да биде познато додека не се дознае дали и вториот примерок е позитивен.

- Оглас -

Најнови вести