Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а палестинското милитантно движење предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили ја окупираа палестинската страна на граничниот премин во Рафа, што Нетанјаху го опиша како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Меѓутоа, ваквата операција на израелската восјка го прекина единствениот пат за доставување хуманитарна помош до Појасот Газа, каде 2,4 милионскот население веќе е на работ на глад.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан, во вторникот предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа. Хамдан ова го изјави на прес-конференција во либанската престолнина Бејрут, додека делегација на Хамас пристигнуваше во егиептскиот главен град Каиро од катарска Доха за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот.

„Тврдиме дека воената операција во Рафах, доколку ја изврши Израел, нема да биде пикник за (израелската) армија. Топката е во страната на Нетанјаху“, рече Хамдан.

Истакна дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласил Хамас е „минимумот што одговара на барањата на нивниот народ и неговиот отпор“.

„Преминот Рафах беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин“, рече Хамдан.