Седница на Советот за безбедност, тема францускиот предлог

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре напладне ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следи изјава на Пендаровски.