Најдобриот другар на братучедот на Груевски, смета дека Албанскиот бил најстар јазик на Збалканот

Објавил: Македонка Димкин | 5 јуни, 2023 22:05

Џафери: Ние не го зборуваме јазикот на 20 отсто, туку најстариот јазик во Европа – албанскиот јазик

Фото/Текст извор: ©Магазин

Фракцијата на ДУИ одбележа 21 година од основањето на партијата во Тетово. За разлика од манифестацијата во Скопје.

Фракцијата со остри критики кон нивните сопартијци, функционери во државните институции, за неисполнување на голем дел од заложбите на партијата.

Во таа насока, Муса Џафери вели дека е неприфатливо ДУИ сега да не инситира на промена на формулацијата 20 проценти во Уставот, пренесе Алсат М.

-Се поставува прашањето каде е ДУИ денес? ДУИ е поставена пред судир на идеи и програми. Предизвикот е „да се отуѓиме и да заборавиме на нашето минато, или да се унапреди и зајакне нашиот политички ангажман, да се спроведе програмата и барањата на Албанците , кои со толку трпение прават напори да станат дел од обединета Европа како нација со национален идентитет. Ние не го зборуваме јазикот на 20%, туку го зборуваме и пишуваме најстариот јазик на Европа, албанскиот јазик, тогаш како да не реагираме и да не протестираме кога нашата партија вели дека не е време албанскиот јазик достоинствено да се обележи како албански јазик, рече Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.