Нова фотографија, препознатлив стил: Дали Врчак се враќа на сцената?
Познатиот фризер и шминкер, Арменд Рамадани на својот инстаграм – профил објави заедничка фотографија со миленикот на многумина од генерацијата милениумци – Раде Врчаковски – Врчак.
Фотографијата за рекордно време собра голем број лајкови, а коментарите беа покана од неговите фанови повторно да се врати на сцената.
„Врчак, врати се“, „Врчак те чекаме камбек да направиш“, „Мојот омилен“, „Боже мој“, „Мајсторе враќај се – фалиш“ – беа само дел од коментарите на лојалните фанови на раперот.
View this post on Instagram
„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од многуте хитови на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена. Оние што се сеќаваат, знаат дека Врчак уживаше во огромна популаларност и буквално живееше како светските славни личности.
View this post on Instagram
Беше миленик на женската популација, секогаш возеше брзи и скапи автомобили и честопати неговото име се провлекуваше низ страните на тогашните локални таблоиди и весници. Но, по се изгледа раперот се засити од ваквиот начин на живот и поради тоа реши да се тргне што е можно подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Она што се знае за него, е тоа дека тој и понатаму компонира музика за себе, но и за странски изведувачи.