Почна гласањето на претседателските избори за членовите на ИО кои заминуваат во странство

Гласањето за претседателските избори започнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство. Тие денеска пред заминување во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23-ти април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, ќе гласаат 2.571 пријави македонски државјани.

Покрај дијаспората, на 23-ти април, вторник, ден пред гласањето за претседателските избори, ќе гласаат и болните и изнемоштени лица и затворениците.

Гласање за парламентарните избори на 8-ми мај нема да се спроведе во странство, бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.