Вести Македонија

Повредено едно лице во сообраќајка кај кавадаречко Дреново, извлечено со помош на пожарникари

Повредено е едно лице во сообраќајка што утрово се случи кај кавадаречкото село Дреново. Повредениот е извлечен со помош на пожарникари и со возило на брза помош транспортирано кон кавадаречката болница.

Во моментов се врши утврдување на повреди, потврди за МИА, доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.

Во сообраќајната несреќа возило излетало од патот и се превртело.

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци беше на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот  Кавадарци.

Веднаш по појавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош, појаснија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе