Се стега обрачот околу Надал: тенисерка со која направи селфи, е позитивна на Ковид-19

Германската тенисерка Тамара Корпач, објави дека е позитивна на коронавирус, а тоа може да биде многу лоша вест за Шпанецот Рафаел Надал, со кого таа се сликаше еден ден претходно.

Освен со Корпач, Надал во Лондон се сликаше и со Матео Беретини, а и Италијанецот е заразен и не можеше да игра на Вимблдон, на кој лани беше во финалето.

Надал кој попладево игра со Лоренцо Сонего, вели дека не чувствува параноја. Инаку, Надал кон крајот на декември кога беше во Абу Даби, прележа Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести