Последна шанса за Македонија У19 да освои бодови во елитните квалификации за ЕП (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија со 19 години денеска од 14 часот на тренинг-комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“, ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП, и тоа против Летонија.

Во првите две кола, македонските надежи загубија со идентични 0:2 од Украина и Швајцарија, кои исто така денеска меѓу себе ќе одлучат која селекција ќе игра на ЕП.
И Летонија има два порази во првите две кола, во првото коло загуби со 0:1 од Швајцарија и со 0:3 од Летонија.

Квотите ги фаворизираат избраниците на селекторот Тони Јакимовски, квотата за триумф на македонските надежи изнесува 1.95.

 

- Оглас -

Најнови вести