СДСМ е спремна за во опозиција

Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување во емисијата Клан дебата на ТВ Клан, по поразот на кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека СДСМ е спремна партија за во опозиција.

Тој, сепак, дава поддршка за сите позитивни работи коишто планира идната влада да ги спроведе.

– Ние пораката ја сфативме. Ќе се бориме за секој глас кој ќе можеме да го добиеме, спремни сме за во опозиција и спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи – рече Петров.