Бериша најави протести во Тирана

од Vladimir Zorba

Претседателот на опозициската Демократска партија на Албанија, Сали Бериша за утре најави протести на опозицијата во Тирана.

Полицијата не и дала дозвола на Демократската партија на Бериша утре да организира протестен митинг, но поранешниот премиер и претседател на Албанија изразил решеност да ги одржи протестите, објави албанскиот „Еуроњуз“.

Бериша рече дека утре опозицијата ќе ги наполни улиците и плоштадите во Тирана за да ги брани европските вредности кои се загрозени од албанскиот премиер Еди Рама.

Слични содржини