ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Роднините на затворениците од случајот „Монструм“ и по 12 години продолжуваат да бараат правда

Роднините на затворениците од случајот „Монструм“ и по 12 години продолжуваат да бараат правда

Роднините на затворениците од случајот „Монструм“ и по 12 години продолжуваат да бараат правда. Според Сабри Азири, роднина на еден од затворениците, преземени се сите мерки за продолжување на процесот за, како што вели, да се открие вистината. Сеговиот чекор, според него, е жалба на случајот во Судот во Стразбург.

„Првично чувствуваме болка за секој изгубен живот, особено кога е невин. Како роднини сме ги презале сите чекори да го продолжиме процесот понатаму. Живееме во Македонија и немаме проблем со нашите сограѓани Македонци затоа што ги имаме истите проблеми, имаме проблем со поединци кои се трудат обвинат еден цел народ“, рече Сабри Азири, родинина на затворениците од случајот „МОНТСТРУМ“.

Според Азири, овој случај намерно се одолговлекува и го користела тогашната, но и актуелната власт, како што вели, за добивање политички поени на сметка на невините Албанци.

„Првично, другата страна го местеше процесот и правеше политички поени на штета на Албанците и на штета на невините, додека другата страна, разни политичари, исто така го користеа за лична корист… Ние како роднини не бевме заштитени од политичарите кога вистината требаше да се каже, не беше кажана и нека одговараат оние кои одобрија затворање на членовите на нашите семејства и други невини луѓе“, рече Сабри Азири, родинина на затворениците од случајот „МОНТСТРУМ“.

Вчера се навршија 12 години откако во случајот познат како „Монструм“, на Смилковското езеро беа убиени 4 млади момчиња и еден рибар. За овој случај на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Другиот обвинет Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор, додека Хаки Азири е осуден на 9 години затвор. Двајца од осудените на доживотен затвор, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во бегство./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button