Монако израмни против Фенербахче во четвртфиналната серија од Евролигата

Кошаркарите на Монако го израмнија резултатот на 1-1 против Фенербахче во четвртфиналната серија од Евролигата по победата од 93-88 пред своите навивачи во вториот меѓусебен натпревар.

Французите до триумфот дојдоа благодарение на одлично одиграната последна четвртина во која успеаја да ја анулираат предноста на Фенербахче од 65-74, која ја имаа пред последниот период од играта.

Во драматична завршница на крајот поуспешни беа домашните кошаркари за заслужена победа.

Мотиејунас со 18 поени беше предводник во победата на Монако, а Џордан Лојд заврши со 15 постигнати поени. Кај Фенербахче не помогнаа и одличните Дорси со 25 поени и Вилбекин со 23 постигнати поени.

Се вчитува...