Breaking News

Санкционирани 807 возачи за брзо возење на територијата на државата


Во акција на МВР спроведена во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 807 возачи за возење со поголема брзина од дозволената.


– Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.


Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место, информираат од МВР. ир/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА