Англија без Кејн и Хендерсон против Бразил?

Фудбалската репрезентација на Англија силите ќе си ги одмери со Бразил во пријателски натпревар кој ќе биде сериозен тест за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.

Но, за натпреварот против Бразил, Англичаните ќе бидат и сериозно ослабени доколку се остварат најавите за отсуство и на Хари Кејн и Џордан Хендерсон.

Голгетерот на Баерн Минхен го повреди зглобот на бундеслигашкиот натпревар против Дармштат па се очекува да биде поштеден, додека Хендерсон поради повреда го пропушти последниот тренинг на репрезентацијата.

Како потсетување, претходно поради повреда од кампот замина и фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака.

Се вчитува...