Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа и Миту по голема борба останаа без финале во Копер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/tennis.liepaja

Македонско-романската комбинација, Лина Ѓорческа и Кристина-Андреа Миту не успеа да избори место во финалето во двојки на турнирот во Копер (Словенија) кој се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.

Ѓорческа и Миту по голема борба беа поразени од првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка со 2-1 во сетови. Пресметката на централниот терен траеше 1 час и 44 минути, првиот сет им припадна на Ерјавец и Салкова со 6-2, потоа Македонката и Романката возвратија со 7-6 за да во решавачката рунда фаворитките бидат подобри со 10-7.

Со ова заврши настапот на Лина на овој фјучерс на кој претходно доживеа елиминација во второто коло во поедничена конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни