Магазин

Кои земји ќе влезат први во Новата 2024 година

Додека ние Новата година ќе ја дочекаме утре на полноќ, во некои земји од планетата најлудата ноќ ќе биде задутре додека се будиме наутро (според наше време).

На пладне по наше време во 2024 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 часот Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2023 ќе се простат Индонезија и Тајланд. Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија.

Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година.

Можеби ќе ве интересира: