Температурните разлики ги преполнија амбулантите, матичните велат дека зголемен е бројот на пациенти со алергии

Температурните разлики ги преполнија амбулантите, матичните велат дека зголемен е бројот на пациенти со алергии

Настинки, грип, ковид и алергии граѓаните се соочуваат со еден куп вирусни инфекции. Амбулантите се преполни , сите пациенти се со различни симтоматологии велат докторите. Според нив, променливото време и разликата во температурата од 10-тина степени во едно деноноќие се повеќе ги разболува граѓаните. Матичните велат дека посебно овие две три недели поради студените ноќи и утра секој ден имаат и по десетици пациенти кои се жалеле на настинки или вирози.

“Грипот е цело време присутен и нема ни да исчезне.И ковидот е присутено иако не се зборува за него, но за жал не се тестира. Па не можеме многу да коментираме колкава е таа бројка на заболени.Почнува една сезона и на стомачни тегоби…кои ќе ги гледаме во следниве временски периоди.И мора да споменеме зголеменото алергиско присуство…алергиите се се почести,особено затоа што порано процветуваат липите” вели Бојан Трајковски, матичен лекар.

Матичните велат никако да не се пие антибиотик на своја рака за настинка без да биде направен лекарски преглед и лабораториски анализи.  Кога станува збор за настинка граѓаните да земаат терапија според симптомите кои ги имаат.

Што се однесува до термините, за потешко болните на кои им требаат специјалистички прегледи, матичните алармираат дека секојдневно се соочуваат со проблеми на Мој Термин.Тие велат дека  пацинетите на одредени Клиники чекаат термин за преглед и по три месеци.

“Ако говориме за офтамологија верувајте термин нема за два до три месеци, ако говирме за урлогија исто…и ортопедија нешто слично.Се наоѓа термин кај интернисти, рентген итн. Тое за зависи од типот на специјалноста која што ни е потребна.Морам да нагласам дека тука за жал стратегијата одамна е погрешена” – вели докторот.

Според д-р Трајковски, дополнтелен проблем во здравствениот систем е и заминувањето на доктори и медицински сестри од државата. За три децении тројно е намален бројот на доктори. Според проценките годишно си заминуваат 200 до 250 лекари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )