Кјелце со минимална предност ќе патува на реваншот во Германија кај Магдебург

Ракометарите на полскиот Кјелце со минимална предност од 27-26 ќе патуваат на реванш натпреварот во Германија кај Магдебург во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од три гола (4-1). Оваа разлика успеаја да ја задржат во поголемиот дел од првото полувреме, а во еден момент стигнаа и до највисоките плус четири (12-8).

Сепак, гостите успеаја во последните пет минути од првиот дел да се консолидираат и на пауза да заминат со негатива од само еден гол 14-13. Во вториот дел се играше гол за гол, а во последните десет минути се влезе со егал 22-22. Во последните десет минути, домаќините беа за нијанса подобри од противникот па на реваншот во Германија ќе патуваат со минимална предност од 27-26.

Алекс Дујшебаев со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Феликс Клар.

Реваншот ќе се одигра за седум дена во Германија.

Се вчитува...