Ковачевски: Мицкоски не е загрижен, тој е неодлучен и нема лидерство

Ковачевски: Мицкоски не е загрижен, тој е неодлучен и нема лидерство

„Мицкоски не е загрижен, тој е само неодлучен, а тоа не е лидерска карактеристика. Човек кој што е неодлучен, кој што никогаш не може да донесе одлука, на крај може и да биде загрижен“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5.

Тој додаде дека и при рефенредумот за името, пред влезот во НАТО, Мицкоски немаше став и ден денес никој не знае кој беше ставот на Мицкоски тогаш и дали излезе на рефенредумот.

„Ние добивме многу јасна преговарачка рамка, таа преговарачка рамка гарантира заштита на македонскиот јазик бидејќи целото европско законодавство се преверува на македонски јазик, вие бевте присутни во Брисел кога на преговарачките кабини засвете македонскиот јазик, Брисел отвори конкурс за запослување на преведувачи на македонски јазик и го потпишавме договорот Фронтекс на македонски јазик, прв договор потпишан со ЕУ одобрен од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија и Грција на македонски јазик“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека има и пресуда од суд во Грција, кој што признава дека македонскиот јазик може да се употребува, што било незамисливо во минатото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста