Играњето на голови во „дивите“ лиги му донесе Среќна 13-ка и 120.000 денари

Сашо Ристовски од Скопје доби 120.000 денари како победник на априлската етапа на промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка.

Сашо беше убедливо најдобар минатиот месец, имаше тикет со добитна квота дури од 4.646,99.

На тикетот се 13 пара со квоти поголеми од 1.40, а има неколку различни игри во кои во основа се вклучени голови.

„Редовно играм, омилени ми се игрите на голови, ги мешам со конечен тип, како што беше и на овој тикет со 13 пара. Повеќе сакам да ги играм таканаречените диви лиги, тие најквалитетните обично ги избегнувам, иако на овој тикет има и една од Премиер лигата. Играм на плус голови, тим 1, тим 2, 4+, 5+ и слично“, открива Сашо.

На Сашо обложувањето му претставува задоволство, најчесто игра на мали влогови, најмногу до 100 денари.

„Уплаќам по 20, 30, 50, 100 денари, зависи, но не повеќе од тоа. Не сум од тие што уплаќаат 500 и повеќе денари. За овој тикет со 13 пара планирав да уплатам 40 денари, но кога видов колку е голем вкупниот коефициент, уплатата ја намалив на 20. Сега ми е криво што не го уплатив на 40 денари, но така требало да биде“, раскажува априлскиот шампион во Среќна 13-ка.

Од 13-те меча, последен чекал еден дуел во Мароко.

„Ги преспав натпреварите кои се играа од 18 часот тој ден. Видов дека сите излегле, а последен ми остана меч од Мароко. Ми требаше 1Х и 2+. На полувреме резултатот беше 1-1 и, за среќа, гостите не постигнаа гол во второто полувреме. Тој пар можам да го издвојам како најкритичен“, вели Сашо.

Сашо ги игра и другите промоциски игри на Sport Life.

„Ја играв и новата игра на Sport Life во која главната награда беше 777.000 денари. За малку јас ќе бев победник. Имав тикет со 14 меча, а погодив 13. Да излезеше и 14-тиот пар последната недела, ќе бев пред тој што победи“, заклучува Сашо.

Второто место во Среќна 13-ка за април го освои Ивица Гулев, за што си заработи 60.000 денари, а третопласираниот Тони Петковски добива 20.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести