Левица со приватна кривична тужба против „Канал 5“

од Nikola Popovski

Левица информира до Основниот кривичен суд – Скопје поднеле приватна кривична тужба против „Канал 5 Телевизија“, нејзиниот главен и одговорен уредник, Гоце Михајловски и новинарката од информативната редакција, Михаела Димовска, со која иницираат кривично гонење на пријавените.

Според партијата, тужените се товарат дека, како соизвршители, во вестите на „Канал 5“ противзаконски објавиле интерен партиски документ со степен на дверливост класифициран како деловна тајна, при што велат, умислено го сториле кривичното дело „Неовластено објавување личен запис“, казниво по чл. 148 од Кривичниот законик, со запретена парична и затворска казна до една година.

„Посочуваме дека, во време на тенденциозен и противзаконски медиумски бојкот кон Левица од страна на оваа непрофесионална телевизија со национална концесија, Левица ќе ги употреби сите правни средства кои ѝ стојат на располагање за остварување на правата за рамномерно политичко претставување кои ни следуваат согласно Изборниот законик.

Истовремено, ги повикуваме АВМУ, ДИК и другите надлежни институции да го мониторираат изборниот процес и да изрекуваат прекршочни глоби и санкции за непочитување на законските правила за водење фер изборна кампања“, велат од партијата преку соопштение.

Слични содржини