ТВ21 направи анализа за излезеноста на изборите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 направи графички приказ за излезеноста за овие, но и за првиот круг од локалните избори.

Па така, најголема излезеност е забележана во 1999 година, кога на избори излегле 65,1% од граѓаните.

Најмала излезеност имало во 2019 година, кога излегле само 41,67% од граѓаните.

Најголема излезеност во втор круг на претседателски избори повторно имаме во 1999 година кога излегле 69,6%, а најмалата излезеност е повторно во 2019 година, кога излегле само 41,7%.

Излезноста на вториот круг претседателски избори до 15 часот е помала за 2,29% за разлика од првиот круг, покажуваат податоците на ДИК.

За разлика од вториот круг на претседателските избори во 2019 година, излезноста е поголема, и тоа за 2,13%, односно пред пет години до 15 часот имало помала излезност од сега.

Најголема излезеност до 15 часот има во скопски Аеродром, додека пак најмала излезеност има во Липково.

По изборни единици, најмногу гласале во 1 каде има 41,76 излезеност.

Најмала излезеност е во ИЕ 6 каде само 29,30% од граѓаните излегле.