КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА: Момче до смрт ги избодел родителите и братот и тешко ја повредил сестра си

173
EPA/Clemens Bilan

Млад човек од германскиот округ Вадшут до смрт ги избодел родителите и братот, додека тешко ја ранил својата сестра, пишува германскиот весник „Билд“.

Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција.

Таткото и мајката, како и братот (34) починале на лице место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.

Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност.

Деветнаесетгодишникот е уапсен на лице место. Тој има германско и италијанско државјанство, пренесува Танјуг.