Барселона го продава Левандовски, јасно е кој ќе го замени

од Vladimir Zorba

Шпанскиот гигант Барселона на лето планира голема промена во својот состав и еден од играчите кои ќе бидат жртва во чистката е напаѓачот Роберт Левандовски.

Како замена за Полјакот, раководството на Барселона го насочила Дарвин Нуњез од Ливерпул, информира „The Sun“. Уругваецот е рекордно засилување за „црвените“, кои за него платија 85 милиони фунти на Бенфика пред две години, но неговата плата е далеку помала од онаа на Левандовски.

Договорот на 24-годишниот Нуњез со клубот е до 2028 година, но од „Енфилд“ се подготвени да се разделат со него.

Уругваецот не гори од желба да се раздели со Ливерпул, но извори блиски до него тврдат дека само можноста за трансфер во Шпанија би го намамила да го напушти англискиот клуб.

Барселона долго време е заинтересирана за уругвајскиот напаѓач. Пред четири години Каталонците се обидоа да го купат од Алмерија, но тогаш беа престигнати од Бенфика. Уругваецот има 23 гола оваа сезона, но не се запиша на последните седум натпревари и е меѓу играчите со најмногу пропуштени шанси во најдобрите европски лиги.

Слични содржини