Борко Ристовски и Лемго ја прекинаа серијата од два порази во Бундес-лигата, откако тимот на македонскиот голман славеше над Ерланген со убедливи 34-27. Ерланген важи за едно од најпријатните бундеслигаши изненадувања сезонава, моментно се наоѓа на шестото место на табелата, но ракометарите на оваа екипа немаа одговор за цврстата одбрана на Лемго. Борко Ристовски застана на голот на својата екипа и за триесетина минути игра имаше шест успешни ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Борко Ристовски заврши одлична работа на голот на Лемго, односно имаше значајна улога во триумфот над Ерланген во Бундеслигата. Домаќините го добија овој дуел со 34-27 и тоа во во средба во која го надиграа ривалот во двете полувремиња, првото со 17-16 и второто со 17-11. Ристовски беше активен 38 минути на теренот и успеа да запише 6 интервенции, поточно имаше 27.27 процентна успешност на одбранети ...