ТЕРА

REKLAMA???

МОЈСОСКА: ВАНКОВСКА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

На битолски Широк сокак викендов „Левица“ ги информираше граѓаните за програмата на нивниот претседателси кандидат Билјана Ванковска.

„На овие избори „Левица“ настапува со свој претседателски кандидат за прв пат, професорката Билјана Ванковска и од тука за првпат на овие избори Македонците ќе имаат можност да гласаат за алтернатива, затоа што за разлика од сите останати кандидати, професорката Ванковска цврсто застанува на ставот дека Македонија има алтернатива, дека Македонија треба да се позициони како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати, ние сме изричито против прифаќање на диктати, ние сме против безалтернативноста која што ни се наметнува во последните 30 години“ вели Јована Мојоска, генерален секретар на „Левица“ и носител на листата во петтата изборна единица.

Мојсоска заедно со нејзините сопартијци во Битола ги запознаа битолчани со програмата и ставовите на „Левица“, а преку програата за оваа претседателска трка. Од Битола на листата за пратеници се и двајцата советници Горан Велевски и Гаврил Трајковски.

„Нашите пратеници како што кажа нашата носителка, покажаа пркос кон сите останати пратеници кои стојат залепени за своите фотељи. Ние на ниво на Македонија имаме повеќе од 45 советници, така што и во Советите истата слика се рефлектира, како што покажаа нашите пратеници, особено во Битола, ние со два советнички мандати, успеавме да одвоиме многу иницијативи, поддржани од сите политички субјекти во локалниот Совет“ вели Горан Велевски советник од Советот на Општина Битола и кандидат за пратеник.