Македонија

Тече изборниот процес, нема нарушувања – Тошковски очекува мирен ден

Изборниот ден започна, а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. Техничкиот министер, Панче Тошковски, кажа дека досега нема никакви нарушувања на гласањето.

„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори“, вели Тошковски.

„Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб, мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред“, додаде Тошковски.

Посочи дека очекува и мирен изборен ден.

На почеток