ВМРО-ДПМНЕ 34%, ДУИ 22%, СДСМ 11,55% – првични резултати на ДИК

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија го објави пресекот со гласовите од парламентарните избори. По обработени 28,67% од вкупниот број на гласови, води коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 70.929 гласови односно 34,11%. По нив се Европскиот фронт предводен од ДУИ со 22,22% или 46.202 гласови.

Трет политички субјект во моментов според бројот на гласови е коалицијата ВЛЕН со 38.840 односно 18,68%.

СДСМ во моментов е четврта партија со 24.028 освоени гласови, додека по нив следува Левица со 10.992 гласови или 5,29%.

ЗНАМ на Максим Димитриевски досега има освоено 8040 гласови.

Одѕивот на парламентарните избори е 53,30 отсто од обработени 3.186 отсто од гласовите односно на гласање излегле 887.767 граѓани. Најголема излезност има во Новаци 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа 18,62 отсто.

Слични содржини