Отворена бесплатна телефонска линија за повреда на гласачкото право

Заради заштита на избирачкото право на граѓаните, Народниот правобранител денеска ќе презема итни мерки за ефективно постапување од надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. Во канцеларијата на Народниот правобранител од 07:00 до 19:00 часот ќе може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Освен телефонски на бесплатниот број, повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и лично во главната канцеларија во Скопје, на улица Македонија бр.19. Дежурни канцеларии на Народниот правобранител ќе има и во Струмица, Кичево , Тетово , Битола Штип и во Куманово.

Лаура Стојанова М-Нет