Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ја наполни мрежата на Челси и се врати на врвот на Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Лондонското дерби меѓу Арсенал и Челси не донесе неизвесност каква што посакуваа неутралните фанови, а домаќините можат да бидат задоволни со ефикасноста и „петардата“ во мрежата на противникот (5:0).

Арсенал рано поведе со голот на Тросар (4. минута) и таа предност ја задржа на полувреме, па го дотолчи противникот во продолжението.

Вајт зголеми на 2:0,  за тој и Хаверц да го завршат натпреварот со по два гола, комплетирајќи ги конечните 5:0.

Арсенал барем привремено се врати на врвот на премиерлигашката табела, сега со 74 бодови, четири повеќе од Манчестер Сити, кој има два натпревара помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни