Адеми: Народот го кажа своето, очекуваме голема и историска победа на Османи

од Nikola Popovski

Народот го кажа своето. Да им честитаме на сите граѓани – имавме мирен изборен ден, во кој граѓаните слободно ја искажаа својата политичка волја, изјави Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција за завршувањето на изборите.

Вели дека општеството покажало демократска зрелост како што и доликува на земја-членка на НАТО и земја која преговара со ЕУ.

-Сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани кои гласаа за нашиот кандидат. Со тоа го доверија својот глас и за Европскиот фронт. Вашата волја е запишана и ќе биде дел од идните политики на РС Македонија, изјави Адеми.

Тој очекува голема и историска победа за претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Како што вели, сите информации од терен тоа го потврдиле.

Слични содржини