Lifestyle

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СВАДБАРСКИОТ РУЧЕК, родителите или младите, кој треба да ги покрие трошоците за венчавката

26.08.2024

Непишаното правило дека родителите треба да ги покријат трошоците за венчававката на своите деца со текот на времето не се почитува. Во САД се применуваат нови правила, а за тоа влијаат повеќе фактори, но основно е тоа што расте возрасната граница за младите кои за прв пат се венчаваат, а и нивните родители се повозрасни и повеќе размислуваат за да заштедат за времето по пензионирањето.

Според барањата на американските корисници на сајтот за планирање на венчавки „Тhe Knot“,  родителите во просек даваат малку над половината од буџетот за одржувањето на церемоинијата за венчавање. Младиот пар го покрива другиот дел, објаснува уредничката на порталот Сара Хенлон.

Од 1998 година постојано расте возраста  на мажите и жените кои за прв пат стапуваат во брак. Просечната старост на мажите  минатата година изнесувала 30,2 години, а на жените е 28,4. За споредба во 1947 година медијалната старост за мажите била 23,7 и 20,5 години за жените.

- Паровите подоцна стапуваат во брак и кога се финансиски постабилни и тие самите одлучуваат да ги платат сите трошоци. Понекогаш прифаќаат финансиски прилози од семејството како израз на поддршка, а не како должност, вели Мика Мејер од агенцијата „Beaumont Etiquette“ во Њујорк.

Меѓутоа, има и родители кои со години штеделе за венчавката за своите деца и сакаат да ја платат целосно сметката. Просечна цена за венчавка и свадбениот ручек во сопствена куќа или во некој угостителски објект  минатата година изнесувала од 35.000 до 41.000 долари. Ова е за 5.000 долари поскапо од 2022 година, поради повисоките цени и инфлацијата во САД. За склучувањена првиот брак се издвојува повеќе пари, за разлика  од секоја наредна  венчавка. Свадбените трошоци во Њујорк може да надминат над 100 илјади долари.

Според американскиот „бонтон за венчавка“ на листата за трошоци кои ги покрива младата се: веридбата, планирањето на венчавката, поканите, фотографиите и видео снимките, местото за одржување, облека на невестата, цветните аранжмани, декорирање, свадбената торта, поголемиот дел од свадбениот ручек или вечера и други ситници.

Како финансиска обврска за младоженецот се: таксата за венчавка и хонорарот на матичарот или свештеното лице, китење со цвеќе на сите гости, трошоците за пробниот свадбен ручек или вечера, а понекогаш го плаќа и пијалокот за време на свадбениот ручек.

Сега, прашањето за покривање на свадбените трошоци е отворено. Постојат и верски и културни норми кои ги диктираат условите кое семејство ги покрива трошоците и колку ќе се потроши. Вообичаено, свадбените трошоци ги покриваат сами лицата од ист пол и тие кои не сакаат пари од родителите, бидејќи тоа им носи и дополнителни обврски!

-  Сами плаќаат и оние кои имаат најмногу пари и најмногу барања. Секоја страна придонесува за тоа што го сака и секако плаќа и различно. Парите носат моќ, вели Мејер, пренесува „Даанас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО