Поврзете се со нас

Германија

Милер им симна капа на Чаби и неговите играчи: Следи нешто ново за нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

После 11 последователни титули во Бундеслигата, Баерн Минхен беше детронизиран во Бундеслигата и вчера официјално го дознавме името на новиот шампион, а тоа е Баер Леверкрузен предводен од Чаби Алонсо.

Шпанскиот стручњак го урна непријатниот мит наречен „Неверкузен“ и Баер за првпат во својата клупска историја стигна до трофејот во домашното првенство, но поради начинот на кој го направи тоа, рамнодушни не останаа и ривалите.

Баерн покажа класа и меѓу првите му честиташе на новиот шампион, а денеска се јави и Томас Милер како еден од најискусните во првиот тим на баварците.

– Титулата во домашното првенство и дефинитивно е решена. После 11 титули во низа, Баер Леверкузен ја освои титулата оваа година и тоа го направи со сензационални перформанси. Тимот на мојот поранешен соиграч Чаби Алонсо досега е непоразен. Мора да им симнеме капа за ова достигнување, честитки до Чаби Алонсо и до целиот тим за освоената титула.

– Ова значи дека ние ќе бркаме наредната сезона, тоа ќе биде нешто ново и поинакво за нас, ќе ни донесе свеж воздух. После сите овие заслужени честитки, време е да се насочиме кон себе. Не чека круната на европскиот фудбал… Во среда играме против Арсенал во Лигата на шампионите, ќе биде возбудливо во Минхен. После резултатот 2:2 на првиот меч, со победа ќе се пласираме во полуфиналето. Со нетрпение чекам вакви ноќи на притисок, знам дека ќе биде специјално ја „Алијанц арена“, – порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни