Легендарниот Рој Кин повторно го нападна Халанд: „Личи на второлигашки играч“

Манчестер сити забележа нова победа и рутински славеше над Нотингам форест со 0-2. Со тоа Граѓаните остануваат во мртва трка со Арсенал за титулата во Премиер лигата.

Изненадувачки, Ерлинг Халанд, мечот го започна од клупата за резерви, а само девет минути откако влезе во игра, успеа да погоди за 0-2. Сепак, и покрај голот, Норвежанецот беше цел на критики од легендарниот Рој Кин, кој се чини дека е дежурен критичар на Халанд.

„Многу личеше на второлигашки играч. Многу напредувал! Што се однесува за голгетер, Халанд е апсолутно неверојатен, нема сомнеж во тоа. Кога сака да има влијание на играта, мора да се потруди уште малку. Досега Де Бројне беше негов слуга, но мора да научи и сам да се снајде“, рече Кин за „Скај спорт“.

- Оглас -

Најнови вести