Северина повторно на суд, се бара 10-месечна казна

од Nikola Popovski

Пејачката Северина Вучковиќ денеска се појавила во Општинскиот кривичен суд во Загреб за продолжението на судењето со Гордана Буљан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во главниот хрватски град и Љиљана Клингер, директорка на училиштето, каде што нејзиниот син посетува настава.

„Добро сум. Не можев да дојдам само со еден пар штикли, туку два пара. Не можев да им одолеам. Ова црнило на мене е како за модерен погреб“, прокоментирала таа за „24сата.хр“.

Станува збор за постапка што ја покренало тамошното обвинителство откако било откриено дека пејачката наводно им испратила над 150 недолични пораки.

Инаку, Клингер на некои им одговори со молба да престане да и пишува, додека Фландер не одговорила.

Во обвинението, од судот се бара да ја осуди Вучковиќ на 10 месеци условна затворска казна. Нејзиното тврдење е дека пораките ги праќала од револт, поради постапките на Љиљана и Гордана во постапката што се водеше за да се одлучи со кого ќе живее нејзиниот син (со татко му или мајка му). Како што објавува хрватски „Јутарњи“, содржината на недоличните пораки „далеку ја надминуваат границата на протест и револт што може да се толерира во општеството“.

За време на минатото соочување повеќе од два часа сведочела директорката на училиштето, а денеска тоа ќе го стори поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади. Според написите на тамошните медиуми, Северина има право да поставува прашања, покрај адвокатот, обвинителот и судијата.

Слични содржини