„Отпорност“ – изложба на фотографии од жени кои инспирираат промени

Од:

По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците ширум светот.

Изложбата ќе биде поставена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ од 25.11.2022 до 11.12.2022

Отворањето на изложбата е на 25 ноември (петок) во 20 часот.

Изложбата ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а ќе се обрати и Холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан Коп.

Во рамките на изложбата кураторката од фондацијата World Press Photo, Марика Цукровски ќе одржи предавање во Кинотеката на Северна Македонија во сабота 26.11.2022 во 11 часот. Предавањето е наменето за сите љубители на фотографијата, а влезот е слободен.

Исто така од 21.11 – 07.12. 2022 Македонскиот центар за фотографија организира фотоработилница за документарна фотографија на тема „Човекови права” на која учествуваат 11 студенти по фотографија.

Изложбата е организирана од страна на Македонскиот центар за фотографија во партнерство со Националната галерија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.уп, Магнус Венман, и Фулвио Бугани.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“