Димитриевски: СДСМ се однароди и од членството и од народот


 

Претседателот на ЗНАМ денеска од Битола порача дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и рече дека сите „чесни социјалдемократи знаат дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив“.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на асномци, а всушност ги избришаа  постулатите на АСНОМ од Уставот на Македонија“, рече Димитриевски.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ“, рече тој.
Носителката на листата за Ие 5,  Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива сѐ поголема и помасовна поддршка спроти парламентарните избори на 8 мај. „Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска.