Русите открија кој стои зад масакрот! Во оваа држава добија наредба: Убијте ги сите, без разлика…

Двајца од четворицата терористи од Таџикистан, кои во петокот го извршија нападот врз „Crocus City Hall“ во Москва, неодамна отишле во Турција за да ги обноват своите руски дозволи за престој, потврди денеска за Ројтерс неименуван турски безбедносен претставник.– Најверојатно добиле инструкции за вооружен напад кога патувале во Турција, објави рускиот весник „Известија“ на 25 март –  повикувајќи се на неименуван извор.Останатите двајца осомничени за учество во терористичкиот криминал, кој ги однесе животите на најмалку 137 лица, се регрутирани на територијата на Русија, изјави изворот.Подоцна на 25 март, турски безбедносен функционер изјави за Ројтерс дека двајцата обвинети вооружени напаѓачи накратко влегле во Турција за да ги обноват нивните руски дозволи за престој, но не биле радикализирани во Турција. Тие не беа предмет на никаков налог за апсење и на тој начин можеа слободно да патуваат меѓу Русија и Турција, додаде официјалниот претставник.Двајцата терористи на 2 март годинава со истиот лет отпатувале од Турција за Москва, изјави изворот.Руските власти ги идентификуваа четворицата осомничени како Далерјон Мирзоев, Рачабализод Сајдакрами, Шамсудин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов. Сите се државјани на Таџикистан, кои работеле во Русија.– Не би било коректно групата осомничени да се опише како организирана заспана терористичка ќелија во класична смисла – според друг неименуван извор цитиран од Известија.Групата не беше формирана како ќелија во која било структура, туку беше составена буквално неколку недели пред нападот со некои парични плаќања на сторителите, исто така рече изворот.За време на сослушувањето, Фаридуни признал дека пристигнал во Русија од Турција на 4 март, пишува „Известија“.– Слушнав лекција на еден проповедник на Телеграм. Тогаш помошникот на проповедникот ги понудил парите. Петстотини илјади руски рубли, што е околу 5.500 долари. Убиј, без обзир кој –  рече Фаридуни на распитот.Најмалку 139 лица загинаа, а 182 се повредени во нападот во Крокус, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.BREAKING: Russian President Vladimir Putin says, “It is necessary to answer why the terrorists attempted to flee to Ukraine after the Crocus attack and who awaited them there.”#breaking #vladimirputin #MoscowAttack #RussiaUkraineWar pic.twitter.com/C7sKnof0UL— Target Reporter (@Target_Reporter) March 25, 2024– Русија на потерница стави вахабистички проповедници – Абдула Костекски и Абу Умар Саситлински. И двајцата моментално живеат во Турција – изјави еден од изворите на весникот.Путин изјави дека терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва го извршиле радикални исламисти.– Знаеме дека злосторството е извршено од раце на радикални исламисти. Самиот исламски свет со векови се бори против таа идеологија. Оние кои го планираа тој терористички напад се надеваа дека ќе посеат паника и раздор во нашето општество, но наидоа на единство и решителност да се спротивстават на ова зло – рече претседателот.

Пронајдете не на следниве мрежи: