Денес се сеќаваме на актерот Владимир Ендровски

Владимир Ендровски е роден на 18 април 1963 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991 година. Вработен е во Македонскиот народен театар во 1993 година, каде работи се до неговата прерана смрт во 2023 година.

Од неговата богата театрографија издвојуваме:


  • (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Алексеј Кирилов (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Комшилук наопаку, 2007), автор: Нина Митровиќ, режија: Ненни Делместре, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Вадиус (Една вечер со … , 2006), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Булдог (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насв, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ристе, Бале (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Трајан, Богдан, Дуко (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Првиот крадец (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Капетан Лебјаткин (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Арнолд Кримп, Криминалец, Психопат (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автор и режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ботар (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Антоан (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Брајан (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејнхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Младичот, Непознатиот (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Макро, Проповедник (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Д-р Алојзие Зилбербрант (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Јован Ангел (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Борис (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Манилов (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Целе Бумба (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Вториот момок, Уплавот, Мајстор за оружје (Мир, 1993), автор: Аристофан, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Зевас (Чудовиштата од нашиот град, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • Трговец, Дромио од Сиракуза (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Далавера змеј (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ѓубреџија (Баал, 1987), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.

Филмографија:

  • Коки Лабуд (Некои други приказни, сегмент: Македонска приказна, 2010), режисер: Марија Џиџева;
  • (Самитот на Шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
  • Затвореникот Варден (Контакт, 2005), режисер: Сергеј Станојковски;
  • Стипе Прикачин (Бал-кан-кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
  • Вториот истражувач (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
  • Андарт (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
  • Безимениот (Збогум на 20-от век, 1998), режисер: Дарко Митревски, Александар Поповски;
  • Доре (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митиќевски;
  • Трајче (Пред дождот, 1994), режисер: Милчо Манчевски;
  • (Марика лета со авион, ТВ-филм, 1988);
  • Чарли (Пикасо, ТВ-филм, 1987).

Телевизиски серии:


  • Дино — „Трст виа Скопје“, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1990;
    „Еурека“, 2 епизоди, 1991.
  • Зевас — “Чудовиштата во нашиот град”, р. Коле Ангеловски, 1992.
  • “Последната македонска елегија”, р. Драган Велјановски, 1992.
  • Реџеп — “Наше маало”, Светозар Ристевски, 2002.
  • Психијатар — “Од денес за утре”, Иво Лауренчиќ, 2010.
  • Селанец — “Тврдокорни”, р. Миле Грозданоски, 2013.
  • “Бистра вода” р. Јани Бојаџи, 2023.

Награди:

  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско глумечко остварување во ТВ серијата „Трст виа Скопје“ во режија на Богдан Поп Ѓорчев, 1990.
  • Награда за млад актер “Трајко Чоревски ” на МТФ “Војдан Чернодрински” за претставата “Мртви души” во режија на Владимир Милчин (1994)

Починал во Скопје на 20 август 2023 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …