Фудбалскиот клуб Беса од гостиварското село Добри Дол го обезбеди првото место во второлигашката конкуренција и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.
Беса денеска на стадионот во Врапчиште беше подобра од Охрид Лихнидос со 4-0 и на три кола до крајот го обезбеди прволигашкиот статус.
Во првата лига речиси сигурно директно ќе влезе и битолски Пелистер, кој е втор со голема предност пред Детонит Плачковица од Радовиш, која како третопласирана екипа во Втората лига ќе треба да игра бараж против третиот од долу во Првата лига.