Кавадарци се мобилизира, Јанчев повика на поддршка од навивачите за историско финале во Купот (ВИДЕО)

Кавадарци живее за утрешниот реванш натпревар од полуфиналето против Шкупи во Купот на Македонија и пласман на Тиквеш во историско прво финалето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Тиквеш по првиот меч има одлични 0-0 од Чаир, па и тоа како кавадарчани сега се мотивирани за елиминација на Шкупи и пласманот во финалето на Купот.

Токму затоа од Тиквеш и градоначалникот Митко Јанчев повикаа на максимална поддршка од навивачите на утрешниот натпревар.

Вчера, за помалку од три часа биле продадени 2.000 билети, што значи дека фудбалерите и тоа како ќе имаат силна поддршка на Градскиот стадион во Кавадарци.

Во втората полуфинална пресметка играат и Македонија ЃП и Воска Спорт. Охриѓани по првиот меч имаат предност од 2-0.

Се вчитува...