Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер со „стотка“ до победа над Кожув

Објавено

на

foto: twitter.com/ABA_League2

Екипата на Пелистер издвојува победа над Кожув од 100-88 во претпоследниот меч од 19. коло од првата кошаркарска лига.

Гостите од Битола беа во подредена улога само во првиот период (21-12), односно потоа покажаа, потврдија дека се подобра екипа од Кожув и го оправдаа статусот на фаворит во салата „26 април“. Избраниците на Илиевски беа најубедливи во третата четвртина (31-19) во која го преземаа водството и не го испуштија до самиот крај.

Хаџифејзовиќ со дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови беше прво име кај Пелистер, најголема поддршка му беше Стајиќ со 20 кошеви, 8 скока и 5 асистенции.

Развиќ пак беше лидер кај поразените со 21 поен и 7 скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни