1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБангладеш

Селото на боите

26 ноември 2022

Штофови во најразлични бои се сушат на сонце во селото Батик, во Бангладеш.

https://p.dw.com/p/4K6JQ
BdTD Bangladesch | Batik-Dorf Narayanganj
Фотографија: Mustasinur Rahman Alvi/ZUMA Wire/IMAGO

Текстилната индустрија го користи топлото време во Бангладеш: во селото Батик, во регионот на Нарајангањ, штофови обоени во весели бои се сушат на сонце во просек по четири часа, за потоа да бидат преработени во облека која се продава низ цел свет.

Околу 80 проценти од извозот на Бангладеш е извоз на текстил. Текстилната индустрија е важен економски фактор во земјата. Нејзиниот удел во брутодомашниот производ изнасува повеќе од 10 проценти.