Францускиот велосипедист Бенџамен Тома е победник на петтата етапа на трката Џиро Д‘Италија, додека Тадеј Погачар од Словенија ја задржа розовата маичка, кога е посветена за лидерот во генералниот поредок.

Тома ја помина етапата долга 178 километри од Џенова до Лука за три часа, 59 минути и 59 секунди и победи со спринт на крајот. Второто место го зазеде Данецот Михаел Валгрен, додека трет беше Италијанецот Андреа Пјетробон.

Томас е четирикратен светски шампион на патеката, но сега првпат освои етапа на една од главните трки.